Лацковиќ потпиша за Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар, потпиша тригодишен договор со Хрватот Блаженко Лацковиќ (33) со важност од сезоната 2014/2015. Левиот бек на Хамбург доаѓа во Македонија по десет сезони минати во Бундеслигата каде настапуваше за тимовите на Фленсбург и на Хамбург, а сега го засилува Вардар кој што со неговиот ангажман добива искусен играч, и во напад и одбрана.

Искуството на Лацковиќ (висок 197 см, тежок 97 кг) се гледа по деветте медали што ги има освоено со репрезентацијата на Хрватска, и четирите шампионски титули во домашните првенства на Хрватска (трипати со Загреб) и Германија (Хамбург), како и европската титула, лани со Хамбург во Лигата на шампионите.

Долги години Лацковиќ беше нераздвоен дел на хрватската репрезентација со која во 2003 година го почна победоносниот од, и почетокот на жнеењето на медали од големите натпреварувања. Требаше да настапи и на последното ЕП во Данска, во јануари 2014 година, но поради повреда мораше да остане дома.

Целта на Вардар е во своите редови да има искусни, проверени и квалитетни играчи, а токму Лацковиќ е еден од нив.

„Вардар може да го потврди трансферот на Блаженко Лацковиќ кој ќе стапи на сила од сезоната 2014/2015 со важност во следните три години. Со неговото ангажирање, екипата добива уште еден врвен професионалец кој игра на позицијата лев бек, со подеднакви квалитети во нападот и одбраната. Среќни сме што и Блаженко Лацковиќ во Вардар препозна сериозен и квалитетен клуб, со амбиција да биде секогаш во врвот. Со неговото доаѓање во Вардар, ги потврдуваме и нашите амбиции за создавање на силна, конкурентна и пред се хомогена екипа која ќе може да се спротивстави на секој ривал. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на една успешна соработка на Блаженко Лацковиќ и Вардар која ќе трае и ќе биде исполнета со успеси, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

lackovic-1

Податоци за БлаженкоЛацковиќ

Роден: 25 декември 1980

Висина: 197 см

Тежина: 97 кг

Позиција: лев бек

Настапи за репрезентација: 157

Голови за репрезентација: 571

Досегашни клубови:

 1997-2001Вартекс

2001-2002Метковиќ Јамбо

2002-2004 Загреб

2004-2008 Фленсбург

2008- 2013 Хамбург

Првак на Хрватска со Загреб и првак на Германија со Хамбург. Освојувач на Куп на Германија со Фленсбург (2005) и Хамбург (2010). Победник на Супер куп во 2009 и 2010 година.

Репрезентација на Хрватска

Олимписки Игри

2004 Атина – злато

2012 Лондон – бронза

Светско првенство

2003 Португалија – злато

2005 Тунис – сребро

2009 Хрватска – сребро

2013 Шпанија – бронза

Европско првенство

2008 Норвешка – сребро

2010 Австрија – сребро

2012 Србија – бронза

Медитерански игри

2001 Тунис – злато

* Како член на репрезентацијата на Хрватска, е избран во Ол стар тимот на СП 2009 година

* Како член на репрезентацијата на Хрватска во 2004 година ја доби Државната награда за спорт „Фрањо Бучар“