Лацковиќ среќен што ќе игра во амбициозен клуб како Вардар

Хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ, по потпишувањето на тригодишниот договор со македонскиот шампион Вардар, за интернет страницата на германскиот Хамург изјави дека му е жал што ја напушта Бундеслигата, но и дека им се радува на новите предизвици.

„Од една страна ми е жал што ќе ги напуштам Хамбург и Бундеслигата по толку долго време, но од друга страна сум среќен што одам во амбициозен клуб како што е Вардар. Вардар е екипа која наредната сезона ќе го нападне европски врв.  а Македонија стана ракометна земја“ откри  Лацковиќ.