Лафазанис го врати мандатот за состав на Влада во Грција

Лидерот на парламентарната група Популарно единство, Панајотис Лафазанис, денеска го врати мандатот за состав на нова Влада во Грција, јави БТА.

Лафазанис пред неколку дена доби мандат зо претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, за формирање на коалициска влада.

Павлопулос го информираше дека мандатот трае три дена и завршува во четврток на 27 август.

Лафазанис, пак, изјави дека ќе го употреби мандатот за да покаже дека на земјата и треба анти-меморандумска влада.

По заминувањето од кабинетот на претседателот, Лафазанис остро ја напрадна Владата на Ципрас велејќи дека прибегнување кон избори по итна процедура е показател за екстремен анти-демократски став.

Педесет и три членови на ЦK на СИРИЗА ја напуштија партијата

Педесет и три членови на ЦK на СИРИЗА ја напуштија партијата
Педесет и три членови на ЦK на СИРИЗА ја напуштија партијата

Педесет и тројца членови на Централниот комитет на СИРИЗАја напуштија денеска партијата, пишува МИА.

Како членови на Централниот комитет наСИРИЗА ние не можеме да го прифатиме новиот меморандум (спогодбата со кредиторите), како што не ги прифативме и претходните“, се вели во заедничката декларација на лицата кои ја напуштија партијата.

Тие нагласија дека тој меморандум ќе биде конечен удар за економското слабеење на грчкото општество.

Поголемиот дел од нив планираат да се приклучат кон партијата „Народно единство“.

На 21 август 25 пратеици од СИРИЗА ја формираа независната парламентарна група „Народно единство“, предводена од Панајотис Лафазанис, поранешен министер за енергетика.