Балкан

Лагард: ММФ е подготвен да ги обнови преговорите со Грција

Лагард: ММФ е подготвен да ги обнови преговорите со Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да ги обнови преговорите со Грција и смета дека е потребно главно внимание да се посвети на структурните реформи, изјави генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард во интервју за францускиот весник „Монд“, пренесе МИА.

– Пред се планираме да го обновиме дијалогот со грчките власти, а во делот на нивната програма за структурни измени да се забрзаат реформите во државниот сектор и даночниот систем, истакна Лагард.

Таа нагласи дека во случајот со Грција „не станува збор за мерки за штедење, туку за реформи“.