Свет

Лагард: На Европа и’ се заканува дефлација

Лагард: На Европа и’ се заканува дефлација

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека на евро зоната и’ претстои опасност од дефлација.

Перидот на слаба инфлација би можел да продолжи во евро зоната и затоа централните банки треба да бидат подготвени да реагираат за да ја спречат пропагандата на се’ уште несигурното закрепнување, порача директорката на ММФ, Кристин Лагард.

„Потенцијална опасност од дефлација постои. Проценуваме дека шансите за тоа се од 15 до 20 отсто и затоа им препорачуваме на централните банки да бидат внимателни и да бидат спремни во случај да ги искористат сите расположливи средства од своите монетарни политики за да ги предупредат да не се случи такво нешто“, рекла Лагард.

Во февруари стапката на инфлација во 18-те земји на евро зоната била 0,8 отсто, што е прилично под проекциите на Европската централна банка, која предвиде раст од два отсто.