Лагите на Заев потврда за обвинението

Со трите искажани лаги, лидерот на СДСМ Зоран Заев сам го руши случајот преку кој води политичка борба. Со пласираните лаги, Заев го потврди она за што се обвинува, дека Зоран Верушевски во соработка со странски елементи и агентурна мрежа вршеле прислушување на државниот врв.

Заев креираните материјали стекнати по незаконски пак ги користи во обид да ја сруши легитимно избраната власт од страна на народот. Но, многупати досега се покажа дека ваквото деструктивно однесување кое се темели на лаги и измислени случаи не поминува во јавноста. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот партиски Конгрес во Куманово истакна дека целата стратегија на СДСМ пропаѓа бидејќи е темелена на невистини.

-Делуваа деструктивно и сметаа и се уште сметаат дека ќе загубиме бидејќи во еден момент ќе му здосадиме на народот и само заради тоа ним ќе им ја врати довербата, онака нереформирани и без издржана визија. Ако нешто од нив се памети во овие четири години се навреди, омаловажувања, интриги, конфликти, закани, манипулации, а во последно време и монтажи. Ова нивна дезориентираност и деструктивност само ни помогна поцврсто да ја освојуваме поддршката на мнозинството граѓани, истакна Груевски во Куманово.

Иако портаролот на СДСМ Петре Шилегов и опозицискиот Фокус на почеток тврдеа дека лидерот на СДСМ и Верушевски не се познаат, времето покажа дека ова е лага. Заев и разузнавачот не само што се познавале, туку и имале тесна соработка. Втората лага која ја кажа Заев се однесува на наводните оператори кои, според него, го вршеле прислушувањето. Заев во истагата како оператори посочил лица кои се починати, одамна заминати во пензија, но и лица кои не работеле на таа проблематика. Извори од истрагата велат дека е утврдено дека двајца од посочените оператори кои наводно ги снимале разговорите се починати, едното лице во 2008-мата, а второто во 2013-та година, но истото уште од 2008-мата не работело во Петта управа, туку било прераспоредено во друга организациска единица.

Во листата оператори на Заев се наоѓа и лице кое од 2007-мата година е иселено од земјава во странство. Во Ексел табелите кои Заев ги достави како докази, наведени биле и имиња на четворица началници во МВР, кои воопштво не работеле на оваа проблематика, како и три лица кои подолго време се пензионирани. Како дел од операторите наведени од првиот човек на СДСМ, стои и име на лице кое со отказ си заминало од Министерството за внатрешни работи во 2008-мата година, а има и две лица кои подолго време наназад не доаѓаат на работното место, користејќи боледување поради тешка болест.

Адресите содржани во документите кои Заев ги објави на последната прес конференција се уште една, трета, лага по ред. Според документот на Заев, за кој тој тврди дека е од УБК, Радмила Шеќеринска се води на адреса „Илинденска“ бб, адреса на Владата од времето кога таа беше вицепремиер, фукција која ја извршуваше до 2006-та година. Стари се адресите и на кои се воделе Есад Рахиќ, Никола Поповски односно во нивната графа стои адресата на Собранието на Република Македонија, а истите ме се пратеници најмалку 8 години.

Ист е случајот и со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој на наведената адреса не живее најмалку 10 години. Доколку МВР го вршело прислушувањето, со наједноставна проверка во системот на полицијата ќе станело јасно дека актуелниот министер за транспорт има нова адреса. Јанакиески само две години живеел на адресата која е наведена, од 2005-та до 2007-ма.

Таков е случајот и со сопругата на Заев, која според објавениот документ од него, истата се води на адреса која е од времето пред да стапи во брак со Заев, од пред 15-тина години.

Граѓаните, но и експертската јавност очекуваат правна разрешница за целиот случај. Ваков став има и премиерот кој вчера изјави дека правната разрешница е единственото реално очекување за излез од кризата. Груевски сигурен во своите аргументи, неколку пати досега децидно истакна и повтори дека разрешница за целиот случај која ќе се води низ транспаретна истрага ќе има.

-Правната и политичката разрешница ќе се случи. Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Нам ние потребана таква независна и траспарентна истрага, и ќе направиме се што е во наша моќ за истата да биде биде темелна и транспарентна.Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на барем дел од народот. Не, ние сакаме да има истрага. Ако во таа истрага се покаже и докаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара пред законот и институциите, но ако непогрешил, треба и тоа да се објави, за да се тргнат валканиците кои Заев секојдневно ги фрла врз нас, нагласи Груевски.

Курир