Лахдар Брахими му се извини на сирискиот народ

Посредникот на ОН во преговорите за Сирија, Лахдар Брахими, му се извини на сирискиот народ, откако вториот круг преговори во Женева меѓу сириската влада и опозицијата заврши без каков и да е договор, пренесе Гласот на Амерка.

Брахими истакна дека сирискиот народ очекувал преговорите да доведат до крај на оваа ужасна криза. Но, наместо тоа, „овие два круга преговори не доведоа до ништо“.

Се’ уште не се знае и дали воопшто ќе има трет круг преговори.