Следната рунда на „Женева-2“ е на 10 февруари

Следната рунда разговори во рамките на мировната конференција за Сирија, „Женева-2“ е предвиден за 10 февруари, изјави денеска цпецијаниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, на крајот на првиот круг од разговорите меѓу сириската опозиција и режимот на Башар ал Асад, пренесе „АФП“.

„Тоа беше почетокот, врз кој може да градиме понатамошни преговори“, изјавил Брахими, истакнувајќи го присуството на неколку точки на согласност меѓу двете страни. Тој истакна дека почетокот е скромен, но сепак е почеток.

Во меѓувреме, постигната е начелна согласност за продолжување на разговорите на 10 февруари. Датумот сепак ќе биде официјално потврден по консултации на делегацијата на сирискиот режим со Дамаск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.