Лајбах ќе настапува во Северна Кореја

Култната словенечка група Лајбах по распродадената турнеја во Северна Америка и за следниот концерт на покривот на загрепскиот Музеј на современа уметност, најави и голема турнеја под името Liberation Day, која ќе се одржи во Северна Кореја.

Од основањето на индустрискиот град Трбовље пред 35 години Лајбах се уште гордо ја носи титулата на меѓународно призната група која никнала на територијата на поранешните комунистички земји на источна и централна Европа. Во август Лајбах ќе стане прв бенд од тој вид, кој ќе одржи серија концерти на турнеја во Северна Кореја, држава позната по повеќегодишно пркосење и создавање на отпор кон западната култура.

Турнејата на Лајбах под името Liberation Day во Северна Кореја временски се совпаѓа со 70 годишнината од ослободувањето на Корејскиот Полуостров од јапонската колонизација и поделбата на две непријателски држави меѓу кои до денес владее немирно примирје. Концертите кои ќе ги одржи Лајбах во Северна Кореја ќе станат предмет на документарен филм чија премиера се очекува идната година. Пред најавата на наведената турнеја и по 2004 година Лајбах повторно стапнува на американско тло одржувајќи ја распродадената турнеја во Северна Америка, помогната со покренатата краудфаундинг кампања.

По повод 35 годишнината од своето постоење Лајбах на 4 јули ќе одржи настап во словенечкиот град Трбовље, почетна точка на пробојот на меѓународната сцена, додека на 11 јули на покривот на загрепскиот Музеј на современа уметност ќе настапи во рамки на манифестацијата Лето во МСУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.