Лајчак: Договорот во Македонија да се имплементира во добра волја

Министерот за надворешни работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, е првиот член на Советот на Европската унија што го поздрави договорот што вчера беше постигнат во Македонија за надминување на политичката состојба во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел.
Лајчак, со својот став искажан на неговиот официјален профил на социјалната мрежа “твитер, Исто така, порача дека се случува почеток на националното помирување и политичка стабилизација во Македонија, посочувајќи дека е круцијално овој договор целосно да се во имплементира во обра волја.
           
– Го поздравувам договорот што е постигнат со посредство на ЕУ во Македонија. Ова е добар почеток на националното помирување и политичка стабилизација во земјата, но од значење е негова целосна имплементација во добра волја, гласи пораката на шефот на дипломатијата на Словачка.
            
Мирослав Лајчак, исто така, испрати порака дека ги цени напорите на комесарот Хан и европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл во постигнувањето на политичкиот договор за излез од кризата во Македонија.