Лајм: Албанскиот фунционер на СДСМ зборува отворено: Претпријатието со 400 вработени, има само 4 Албанци, ќе ја исправам оваа дискриминација

Џеват Исени, претседател на Одборот на директори во Акционерското друштво за изградба стопанисување со станбен и деловен простор во Република Македонија, зборува за катастрофалната дискриминација што се случувала во оваа ретпријатие за време на вработувањето.

Тој вели дека таму процентот на албанците е “нула проценти”, односно од 400 вработени само 4 се Албанци, а албанските партии кои биле на власт во изминатите 11 години не презеле ништо за промена на оваа ситуација.

Во интервјуто за весникот Лајм и Лајм ТВ, Исени вели дека од позицијата во која сега се наоѓа ќе се ангажира во подобрување на оваа дискриминација и другите неправди што се направени таму. Исто така, ветува расветлување на сомнителните случаи на корупција што се случиле во минатото во ова претпријатие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.