Лајтнер: Миграциската криза е закана за опстанокот на ЕУ

Лајтнер: Миграциската криза е закана за опстанокот на ЕУ
Лајтнер: Миграциската криза е закана за опстанокот на ЕУ

Миграциската криза го става под закана понатамошното постоење на Европската унија, предупреди денеска австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Таа тоа го изјави по конференцијата во Виена за проблемите за имиграцијата, со учество на министрите за внатрешни и надворешни работи на балканските земји, јави ТАСС.

Микл-Лајтнер рече дека Европа е соочена пред најголемиот предизвик од времето на Втората светска војна.

– Ако не направиме се правилно, ќе ја отстапиме иницијативата на десни политички сили и тогаш единствена Европа брзо ќе го заврши своето постоење, истакна австрискиот министер за внатрешни работи.