Лалана побара да биде продаден под итно

Најтиражните спортски весници на Островот се убедени дека репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Адам Лалана до крајот на оваа недела ќе има состанок со клупските челници и за време на истиот ќе им соопшти дека сака да биде продаден за време на летниот преоден рок.
Одличниот играч за врска веќе подолг временски период важи за најголема желба на раководните лица на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но сите понуди кои пристигнаа на неговата адреса експресно беа одбиени од челниците на Саутемптон.
Англиските медиуми се убедени дека Лалана ќе добие дозвола за промена на клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.