Лалана се сели на Енфилд за 20 милиони фунти

Вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул најверојатно ќе излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на Саутемптон, Адам Лалана.

Новопечениот репрезентативец на Англија важи за најголемо откритие кога е во рашање сега веќе изминатата сезона во англиската Премиер лига, а за неговите услуги сериозно беа заинтересирани и раководните лица на Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Арсенал и Челзи.

Според англиските медиуми, преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а трансферот ќе биде реализиран доколку челниците на Ливерпул го пифатат и исплатат побараното обештетување од 20 милиони фунти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.