Спорт

Лалана за 15 милиони фунти се сели на Олд Трафорд

Лалана за 15 милиони фунти се сели на Олд Трафорд

Новопечениот репрезентативец на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Адам Лалана, најверојатно на стартот од зимскиот преоден рок ќе биде претставен како најнова аквизиција на големиот ривал од националниот шампионат, тимот на Манчестер Јунајтед.

Актуелниот бранител на тронот во Премиер лигата е подготвен да одвои околу 15 мил. фунти за крилниот напаѓач, но англиските медиму се убедени дека официјална понуда во следните неколку дена ќе испратат и челниците на Челзи и на Манчестер Сити.