Спорт

Лам призна дека Баерн (М) го доби најтешкиот противник во ЛШ

Лам призна дека Баерн (М) го доби најтешкиот противник во ЛШ

Капитенот на актуелниот европски клупски шампион, Баерн (М), Филип Лам, призна дека е незадоволен од ждрепката за 1/8 финалната фаза од Лигата на шампиони и од добиениот противник, лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

„Го добивме најтешкиот, најдобриот можен противник од вториот шешир. Нормално дека не го сакавме Арсенал за противник. Арсенал одлично се засили за време на летниот преоден рок и ќе биде сериозен предизвик, но за нас нема друга опција, Баерн (М) мора да се пласира во следната рунда”, изјави офанзивниот бек.