Спорт

Лам удри по тактиката на Гвардиола

Лам удри по тактиката на Гвардиола

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам вината за непријатната елиминација ја лоцираше во погрешната тактика која се покажала како совршена за фудбалерите на Реал Мадрид.

“Многу сме разочарани. Не постојат зборови со кои можам да ви објаснам колку сме разочарани. Сакавме победа, сакавме пласман во финалниот натпревар, но во 20. минута имавме негатива од два гола. Не бевме доволно сконцентрирани при прекините. Бевме убедени дека зонската тактика ќе вроди со плод, но многу рано примивме погодок, а после тој примивме уште еден. Не одигравме како што треба од тактичка гледна точка. Имавме отворен натпревар од првата минута, а таквата тактика се покажа како совршена за фудбалерите на Реал Мадрид. Никогаш не сме играле на ваков начин, ова не е стилот на Баерн Минхен”, изјави Лам.