недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 35

Ламбру: Непопустливоста на Груевски и на ВМРО за името и идентитетот е добро утврдена

Доколку и на претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија повторно победи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ламбру не очекува ни најмала попустливост од актуелната црвена линија која што не дозволува менување на уставното име или името на јазикот и на нацијата

FOTO LAMBRU0

Поврзани вести

 

Грција да не прифаќа евентуалното решение да го содржи терминот Македонија, а придавката Македонски да не се дозволува за името на јазикот и нацијата, се вели во анализата на политичкиот аналитичар Јанис Ламбру објавена од страна на грчкиот Институт за конзервативна политика. Оваа позиција можеби не е поддржана од мнозинството политички сили во Грција, но доминира меѓу граѓаните, вели Ламбру во интервју со дописникот на Нетпрес од Атина.

Доколку и на претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија повторно победи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ламбру не очекува ни најмала попустливост од актуелната црвена линија која што не дозволува менување на уставното име или името на јазикот и на нацијата. Освен за нефлексибилноста во однос на позицијата за името и идентитетот, Ламбру исто како и мнозинството Грци, на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Никола Груевски им замеруваат и за именувањето на аеродромот во Александар Велики и во голема мера за проектот Скопје 2014.

Непопустливоста и фанатизмот на Груевски се многу добро утврдени. Не само на Груевски, туку и на повеќето политички фигури во вашата земја. Во голем број случаи вие продолжувате да го користите името Македонија, дури и во Обединетите Нации, иако станавте член на ОН под услов дека ќе го користите временото име ФИРОМ. Го преименувавте името на аеродромот во Александар Велики. Последниот знак на непопустливост е проектот Скопје 2014 та. Тоа покажува дека Владата не чувствува потреба да се повлече и наместо тоа продолжува да ја повторува истата мантра и затоа не гледам никаков знак за напредок во скора иднина од страна на г-динот Груевски”, вели Ламбру за Нетпрес.

Нетпрес: Ако на претстојните предвремените парламентарни избори во Македонијаво декември повторно победи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како ја гледате иднината на разговорите за името?

Гледам продолжување на истата ситуација, навистина не гледам никаков напредок. Целата состојба ќе станува повеќе и повеќе статична. Грција направи неверојатни жртви затоа што Атина веќе прифати зборот Македонија да биде вклучен во некаква форма во името, смета Ламбру.

Нетпрес: Да се вратиме на вашата позиција. Мислите ли дека ваквата позиција дека решението не треба да го содржи зборот Македонија и дека придавката Македонски не треба да се дозволи за името на јазикот и нацијата, е или ќе биде прифатено од пошироко мнозинство од грчките политички актери?

Менување на владата без разлика на тоа дали изборите ќе бидат скоро или по неколку месеци, нема да има ефект на прашањето за името. Стандардната позиција на Грција е сложено име со географска одредница за домашна и меѓународна употреба. Така што нема да има никакви промени во однос на името. Но, не постои совпаѓање меѓу волјата на народот и волјата на партиите. Многубројни анкети низ годините покажуваат дека официјалната црвена линија за името не е прифатлива. Сепак, политичките партии ги задржуваат таквите ставови. Во случај на референдум, мое лично мислење е дека мнозинството граѓани ќе одбијат решение кое што е слично на линијата на Скопје, коментира Ламбру.

Ламбру смета дека прашањето за името не било само билатерално и не ги засегало само Македонија и Грција, туку дека право на глас за ова прашање имала и Бугарија, како и Албанците во Македонија и дека нивното игнорирање би креирало тензии.

Најчитани вести