Лампард и Чави имаат билет за преку барата

Америка, полека но сигурно станува ветена земја на фудбалските ветерани кои не можат да останат имуни на неморалните понуди за годишна плата.

Новиот прволигаш, Орландо Сити пред неколку недели ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец Рикардо Кака, а клупските челници моменатално преговараат и со неговиот сонародник од редовите на Милан, Робињо.
Челниците на Њујорк Сити пред стартот на Мундијалот во Бразил ги осигураа услугите на шпанскиот интернационалец Давид Вилја, а во следните неколку дена и официјално ќе го претстават поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Челзи, Франк Лампард.
Американскиот клуб најверојатно ќе биде следна дестинација и на легендарниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез.
Искусниот играч за врска веќе доби дозвола за промена на клупската средина, а доколку ја прифати понудата на Њујорк Сити, Чави во следните две сезони ќе има годишна плата од 5 мил. долари.