Лампард и Фердинанд не се желба на КПР

Фил Беард, извршниот директор на новиот англиски премиерлигаш Квинс Парк Ренџерс, ја демантираше пласираната информација дека клубот преговара со сега веќе поранешните фудбалери на Челзи и Манчестер Јунајтед, Франк Лампард и Рио Фердинанд.

Лампард пред неколку дена беше информиран дека Челзи нема да му понуди нов едногодишен договор, додека Фердинанд веќе изјави дека го одиграл последниот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.

“Јас сум навикнат на ваквите новинарски шпекулации, но во последната нема никава вистина. Станува збор за фантастични фудбалери, но Лампард во овој момент е целосно фокусиран на Мундијалот во Бразил. Се што ќе прочитате во следните неколку дена ќе биде чиста шпекулација. Во петок ќе има состанок помеѓу сопственикот и менаџерот на КПР. Ќе биде разгледан списокот со фудбалери кои би требало да бидат ангажирани за време на летниот преоден рок”, изјави Беард.