Лампард сака да биде лидер на Њујорк Сити

Поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Челзи, Франк Лампард и официјално е претставен како најнова аквизиција на американскиот прволигаш Њујорк Сити.

Освен тие на искусниот играч за врска, раководните лица на Њујорк Сити, пред стартот на Мундијалот во Бразил ги осигураа и услугите на шпанскиот интернационалец Давид Вилја.
“Јас на овој трансфер не гледам како на некој голем ризик. Овој трансфер го доживувам како нов предизвик, можност да бидам во центарот од тој предизвик. Сакам сите жители на Њујорк да бидат горди на овој тим. Ќе дадам се од себе, ќе го дадам максимумот на секој натпревар. Јас ја видов визијата на овој тим, сватив дека имаат долгорочен план и сакав да бидам дел од овој амбициозен проект. Сакам да ги тестирам моите можности, сакам да бидам лидер, но не само на фудбалскиот терен, сакам и надовор од стадионот”, изјави Лампард.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.