Ландин ги одби ПСЖ и Кил

Голманот на данската ракометна репрезентација Никлас Ландин одлучи да не ги менува клупските бои по завршувањето на сезонава и покрај тоа што беше мета на многу клубови. Германскиот Кил и Францускиот ПСЖ испратија богати понуди за да го убедат Ландин да преминево нивните редови, но данскиот ас веќе донесе одлука и во новата сезона да го носи дресот на Р.Н Ловен.

Актуелниот договор на Ландин со Ловен истекува во јуни 2015 година, па данскиот голман најави дека сигурно ќе остане до тој период, не исклучувајќи ја можноста за продолжување на соработката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.