Лани го преплива Егејот за да се спаси, годинава ќе оди на Олимпијада

Минатата година сириската бегалка Јусра Мардини морала да плива за да се спаси кога чамецот со кој се обидувала да стигне во Европа се превртел, а овој месец тинејџерката ќе плива на Олимпијадата во Рио.

Јусра е член на првиот бегалски олимписки тим, вели дека таа и нејзината сестра Фара стравувале дека би можеле да се удават откако прполнетиот чамец почнал да се полни со вода додека го преминувале Егејското Море кон Грција.

Заедно со друг бегалец скокнале во водата и го влечеле чамецот цели три часа преку водата и го спасиле животот на други 19 лица.

Кога бев во водата се уплашив. Незнаеш дали ќе преживееш или ќе умреш, вели 18-годишната девојка во видеото објавено од Меѓународната органзиација за миграција.

Јусра, која ќе се натпреварува на 100 метри во слободен стил  е меѓу десетте членови на бегалскиот тим што ќе маршираат зад Олимпиското знаме на отворањето на церемонијата во Бразил во петок.

Двете сестри, кои сега живеат во Германија го напуштиле нивниот дом во Сирија во Дамск пред една година и се упатиле кон Турција. Една вечер се качиле на гумен чамец на турскиот брег заедно со уште 20 други бегалци, што е тројно повеќе од капацитетот на таквите чамци.

Сепак, храбрата Јусра кога чамецот почнал да се потопува ги земала нештата во свои раце и помогнала да се спасат дури 19 животи. Тие стасале на грчките острови среде ноќ.