среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 36

Лани извезени стоки во вредност од речиси 4, 5 милијарди долари

Македонија во текот на 2015 година извезла стоки во вкупна вредност од 249,613 милијарди денари или 4,489 милијарди американски долари, односно 4,051 милијарди евра, а увезла стоки за 355,947 милијарди денари, односно 6,399 милијарди долари или 5,776 милијарди евра. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 70,2 отсто.

izvoz

Поврзани вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит изнесува 106,334 милијарди денари или 1,909 милијарди долари, односно 1,725 милијарди евра.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Најчитани вести