недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Лани најмногу пријави за психичко семејно насилство

Од жртвите кои пријавиле насилство, 44 проценти се со завршено средно образование, 38 проценти не сакале да кажат за степенот на образование, 13 проценти биле со високо образование и 1 процент со магистратура.

насилсто

Последни вести

По околу 1.000 лица годишно во изминатите три години се јавиле на СОС Линијата 15-315 да пријават семејно насилство. Во текот на минатата година 51 процент од нив пријавиле психичко насилство, 22 физичко, 23 економско и 24 проценти сексуално насилство.

Според податоците на Кризниот центар „Надеж“ во чии рамки функционира оваа СОС линија, поголемиот број од жртвите кои пријавиле насилство – 25 проценти, се на возраст од 40 до 50 години, 22 проценти се на возраст од 29 до 39 години, и по 12 проценти  се лица на возраст до 29 години и лица меѓу 50 и 60 години.

Од жртвите кои пријавиле насилство, 44 проценти се со завршено средно образование, 38 проценти не сакале да кажат за степенот на образование, 13 проценти биле со високо образование и 1 процент со магистратура. Најголем број од жртвите или 56 проценти биле во брак.

Повеќето од случаите биле пријавени од самите жртви на насислство. Најголемиот дел од жртвите се жени – 94 проценти, а само 4 проценти се мажи.

Жртвите кои пријавуваат насилство може да добијат психосоцијална помош, охрабрување, советување… Се водат и едукативни сесии со жртвите кои имаат за цел поддршка и јакнење на жената придонесувањето на одлуките за иднината.

Поддршка  за жртвите Кризниот центар „Надеж“ обезбедил и преку проектот „Грижи се за себе“ финансиски поддржан од австралиската Амбасада во Белград, дел за Македонија.

Во рамки на неговото спроведување, како што појасни Верка Угриновска од „Надеж“ се обучиле советници за работа на телефонот за доверба и директна работа со жртвите на насилство, се охрабрувале жртвите и потенцијалните жртви како можат да се заштитат и себе си и децата, економски да се зајакнат жртвите, но и да се покрене свесноста за овој проблем.

Глен Морисон, заменик амбасадор на Австралија за Македонија, се согласува дека е многу важно да се подигне јавната свест на жртвите на семејно насилство, нивно охрабрување, како и економско зајакнување.

Но, како што рече, покрај свсноста на жртвите, рече тој, потребно е и подигање на јавната свест и кај оние кои никогаш не се соочиле со овој проблем, со цел како што рече, да помогнат во негово надминување.

Најчитани вести