петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

Лани за 11,6 милиони евра помал буџетски дефицит од планираното

Државата лани потрошила помалку од што планирала. Декемврискиот извештај на Министерството за финансии покажува дека минатата година дефицитот бил за 11,6 милиони евра помал од проекциите. Било планирано во текот на цела година државата да потроши 327,4 милиони евра, а потрошила 315,8 милиони, пишува Економски.мк.

denari-pari

Последни вести

Ова значи дека мината година завршила со силна буџетска позиција, со добра ликвидност на буџетот и навремено и редовно сервисирање на сите обврски од буџетот. Истовремено, растеле пензиите и социјалните надоместоци.

Помалиот дефицит создаде добра основа во 2016 година земјата да влезе со уште пониски проекции.За годинава предвидено е тропшењето да се намали од ланските 3,6 на 3,2 проценти од БДП.

Ова претставува исчекор во насока на реализација на тригодишната фискална стратегија на Владата на Република Македонија која што предвидува етапна консолидација на јавните финансии, при што во 2017 година буџетскиот дефицит ќе се сведе под 3 проценти и ќе се одржжува и понатаму на тоа ниво.

Најчитани вести