Македонија,Политика

Лапсуз на Пендаровски: Ќе ги распространел промоторите во далечните краеви на Македонија

Лапсуз на Пендаровски: Ќе ги распространел промоторите во далечните краеви на Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија предложен од СДСМ, Стево Пендаровски, денес направи голем лапсуз на дебатата емитувана на МРТ.

Тој истакна дека ќе ги распространел промотерите во далечните краеви на Македонија.

-Мрежата на економски промотори е раширена најмногу во далечните краишта на Македонија. Економските промотори би ги доближил прилично до македонските граници, бидејќи компаративната сила, потенцијалот на македонското стопанство, е во овие рамки што ги спомнав во одговор на едно од вашите претходни прашања. Ние не би требало да претендираме да праќаме економски промотори во Хонгконг и Сингапур, затоа што најголемиот бизнис можеме да го направиме во овој дел од континентот, рече Пендаровски.

Во тој дел претседателот има и тоа какви ингеренции, рече и објасни дека роа е така бидејќи има испреплетени надлежности во сферата на надворешната политика.

-Конечно, тешко ќе дојдеме до било каква инвестиција, па дури и на домашен инвеститор, ако имаме катастрофална инфраструктура. Вие не можете да се пофалите пред било кој инвеститор со фактот дека за 7,5 години владеење сте направиле 7,5 километри автопат, истакна Пендаровски.

На ова му возврати кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов кој му рече дека очигледно е дека Пендаровски не се разбира многу во економијата.

-Господинот Пендаровски изгледа не се разбира од економија многу. Не ги знае проектите, нема податоци. За 8 години во земјоделието беа дадени 550 милиони евра субвенции, кои земјоделието ги врати само минатата година со извоз на земјоделски производи. Вратени се сите пари што се вложени во земјоделието за една година, одговори Иванов.