Лариса Рикелме осум години подоцна

Се сеќавате ли на Лариса Рикелме? Се разбира, се сеќавате, па кој би можел да ја заборави?! Атрактивната Парагвајка стана планетарен хит за време на Светското првенство во Јужна Африка. Нејзиното бујно деколте, кое и служеше како држач за мобилен телефон го заобиколи светот, а под нејзиното будно око Парагвајците стигнаа до четвртфиналето, каде што испаднаа од Шпанија, која стана светски шампион.

Осум години подоцна Мундијалот пак се врати, но не настапува Парагвај, па нема организирано гледање на нивната репрезентација, на кои Лариса се прослави.
Многу работи се сменија во овие осум години. Природна убавина се уште ја има, но јасно е дека годините си го прават своето. Лариса во меѓувреме се омажи и стана мајка.

Сепак, популарноста стекната за време на СП во Јужна Африка и отвори многу врати, па затоа доби неколку улоги во серии и филмови, а се разбира, таа исто така се сликаше за Плејбој. Покрај тоа, се чини дека заработува добро како модел на Инстаграм.

И еве како Лариса изгледа денес …

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.