Лас Палмас ја запре Барса

Во средбата до 26-то коло на шпанското фудбалско првенство фудбалерите на Лас Палмас ја запреа водечката Барселона изборувајќи се на свој терен за 1:1.

Вообичаено надмоќната Барселона поведе во 21 минута со фантастичниот гол на Лионел Меси од слободен удар, но во 48 минута Жонатан Каљери израмни од пенал и Лас Палмас успеа да го одржи овој резултат до крајот на мечот.

За Барселона ова е веќе трето реми во последните пет кола и полека се топи големата предност што ја имаше пред клубовите кои ја следат на табелата. Барса сега има 66 бодови, пет повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид со кој ќе се сретне наредното коло, додека актуелниот шампион Реал Мадрид е трет со 51 бод и натпревар помалку.

Со овој бод Лас Палмас ги подгреа надежите на своите навивачи дека може да избори останување во најелитното натпреварување во шпанскиот фудбал. Остана на 18-то место но сега со 20 бодови, колку што има и 17-от Леванте на местото кое обезбедува опстанок, но со меч помалку.

Во четвртокот играа без победник и Бетис и Реал Сосиадед, но нивниот меч заврши без голови. Бетис остана на 9-то место со 37 бодови, додека Реал Сосиедад е 14-ти со 30 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.