Лас Палмас си ги продолжи надежите за опстанок во Примера

Младиот 21-годишен хрватски напаѓал Ален Халиловиќ со првиот првенствен погодок оваа сезона ја осигури победата од 1:0 (0:0) на неговиот Лас Палмас против Малага во дербито на дното од табелата во 22-то коло на шпанското фудбалско првенство.

Халиловиќ, кој во игра влезе во 62 минута, од 15-ина метри го погоди долниот десен агол на противничкиот гол во 90 минута од натпреварот и така ги продолжи надежите за опстанок на Лас Палмас во најсилната шпанска лига.

Претпоследниот, 19-ти Лас Палмас сега има 17 бодови, како и 18-от Депортиво Ла Коруња, додека Малага остана убедливо последна со 13 бодови. Овие три екипи се наоѓаат во зоната на испаѓање, а пред нив е Леванте со 20 бодови.

На врвот од табелата со 58 бодови е Барселона која во неделата во последните минути го избегна првиот сезонски пораз во градското дерби со Еспањол, а девет помалку има вториот Атлетико Мадрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.