Лашкоска: Ако немаме инвестиции и вложувања, каде се трошат милионите за кои нѐ задолжи власта

Расипништвото на криминалниот картел на власт, ќе го чувствуваат идните генерации и после 30 години. Во вторникот министерството за финансии издаде обврзница во висина од 19.5 милиони евра со период на враќање од 30 години и камата од 4.85 отсто, исткана во четвртокот Ане Лашкоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Со тоа, посочи Лашкоска, само за камата државата ќе треба да врати 29,1 милиони евр, а вкупната сума која ќе ја врати ќе биде 48,6 милиони евра.

Земаме 19.5 милиони евра, а враќаме 48,6 милиони евра. Ова го може само криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Ова е на директна штета на граѓаните и државата. 29.1 милион евра наместо во изградба на нови училишта, градинки, болници, канализациони мрежи и други инфраструктурни објекти, државата ќе ги плаќа за камати. Инвестиции нема. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првите 3 месеци од 2018 година е 7,4 отсто. Ако немаме инвестиции и вложување, каде се трошат милионите за кои не задолжи оваа криминогена власт, запраша Лашкоска

Таа инсистираше владата на премиерот Зоран Заев дека мора да одговори, каде завршуваат милионите за кои секојдневно ја задолжуваат државата.

Овој криминален картел ја турка државата кон презадолженост, Не водејќи сметка за идните генерации. Не само што се задолжуваат без основа и непотребно, туку и ја кријат вистината околу големината на државниот и јавен долг, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека власта се обиделе  да сокрие дека државниот долг поради нивното недомаќинско работење надминал 4 милијарди евра, додека јавниот долг рапидно се приближува кон 5 милијарди евра.

СДСМ додека беше опозиција, ветуваше транспарентност при задолжувањето, сега од позиција на власт, не само што не кажува за што секојдневно се задолжува, туку и ја крие висината на долгот од граѓаните, од чии пари истиот треба да се враќа. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја урнисува државата. Државата и граѓаните не треба да го плаќаат расипништвото и неодговорноста на Зоран Заев. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро, заклучи Лашкоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.