Со ребаланс на буџетот Владата крати 45 милиони денари за технолошко индустриските развојни зони, оттука јасно е зошто не го прифаќа амандманот за отворање на ТИРЗ во Струга
На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија,каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, зборуваше за поднесениот амандман од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува на изградба на ТИРЗ-зоната на територијата на општина Гостивар.
-Сметам дека политиката која ја водеше ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите коалициони партнери во изминатиот период, околу отворање на колку што е можно поголем број индустриски развојни зони, односно поголем број на фабрики во сите делови на државата е политика која што треба да продолжи во наредниот период, истакна Лашкоска.
-Амандманот бидејќи го одби заменик министерот, претпоставувам дека ќе биде одбиен и од мнозинството во комисијата и за жал тука се гледа политиката која што сегашнава влада, највероватно ќе продолжи да ја практикува во наредниот период, потенцираше Лашкоска.
-Имено со ребалансот на буџетот Владата крати 45 милиони денари за технолошко индустриските развојни зони,рече Лашкоска.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.