Ласовска: Тиранската платформа е единствениот документ што го прифатиле СДСМ за формирање владино мнозинство

Пратеничката во продолжение ја информираше јавноста дека единствената причина што СДСМ ги злоупотребува процедуралните забелешки е да спречи било каква дискусија за Тиранската платформа.

-На јавноста и е многу совршено јасно зошто го правите ова. Ова го правите од причини што не сакате воопшто да се дискутира за Тиранската платформа. Таа е единствениот услов за формирање на владино мнозинство. Ова не е моја изјава. Ова е изјава на челниците на сите пратеници од албанскиот блок, додаде Ласовска.