Ласовска: Зошто пратениците од СДСМ се против гасификација на Македонија?

На денешната 71-ва седница во Собранието на Република Македонија пратениците веќе втор ден дискутираат за точката од дневниот ред која се однесува на проектот за гасификација на Република Македонија.

Два дена расправаме за историски, капитален проект на Владата на Република Македонија, а тоа е националната гасификација, кој пак колегите од СДСМ не сакаат да го поддржат. Со овие зборови пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска ја започна својата реплика кон говорот на пратеничката од СДСМ Софија Куновска.

Пратеничката Ласовска во продолжение од својата реплика ја запраша пратеничката Куновска и побара одговор од неа во врска со тоа зошто СДСМ се против овој Предлог-закон за гасификација на Република Македонија кој ќе донесе огромен бенефит за сите граѓани на Република Македонија.

Зошто не го гласате, повторувам, зошто не го гласате овој Предлог-закон? Кој ви кажа така? Некој изгледа ви кажал да не гласате!, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Во врска со проектот за гасификација на Република Македонија таа истакна дека за разлика од пратениците од СДСМ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ќе го гласаат овој Предлог-закон кој претставува историски капитален проект за Република Македонија.

На крајот, пратеничката Ласовска истакна дека како пратеник од Свети Николе секојдневно има можност да ја гледа и следи реализацијата на овој проект.

Бидејќи секој ден патувам од Свети Николе до Скопје го гледам, се прави, не го сонуавм, мене не ми треба да сонувам нешто, патувам  и го гледам дека се прави, се гради гасоводот. И навистина сум среќна затоа што се прави и затоа што дојде време мојот град и светиниколчани да добијат гасовод, со кој ќе имаме заштеда од 50% и во домаќинствата и во индустријата. А сето ова колегите од СДСМ нема да го поддржат, заврши Благица Ласовска.