Латас: Ако гласаме за Заев и за неговите врски со албанското подземје, ние сме готови!

Гласањето за кантонизација е уште сега македонска осуда, со македонски потпис на изборното ливче да бидат протерани 150 до 200 илјади Македонци во многу брз рок, за четири – пет години од Охрид до Куманово, вклучително и скопски општини, изјави новинарот Драган Павловиќ- Латас во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“.

-Јас со свој глас да протерам 150 илјади Македонци од северозападна Македонија заради гласот да му го дадам на Заев, не го давам дур сум жив. Тоа не  е игра. 30 години сум во оваа професија, знам што зборам, ова е мој терен. Јас знам што значи мојот глас за Заев, 50 илјади македонски деца да се иселат од своите куќи, да ги нема. Каде се Македонците од северозападна Македонија после само банална промена на Уставот во 2001-ва во однос на ова, кај се Македонците. Не е играчка, на 11-ти декември не се гласа за партија, не ме интересира ни Груевски, ни Сашо Мијалков, ништо. Не гласам за протерување на Македонци, во прва фаза од северо-западна Македонија, во втора фаза делење помеѓу Бугарија и Косово, тоа е план, рече Латас.

-Ако на 11-ти декемви гласаме за Зоран Заев и за неговите врски со албанското подземје, ние сме готови, ние сме Косово сабајлето, мисли што ќе правиш со својата куќа. Скопје, особено Центар, Карпош и другите се во албанската зона, да не мислат дека тоа важи само за Чаир. Сегде каде што има двојазичност, ќе биде кантон, Заев вика дека општините во Македонија треба да добијат различни права. Сега сите општини во Македонија се со исти законски обврски. Тој го има тоа во својата програма, јас не го кажувам тоа. Некој тоа му го барал да го стави на писмено, за утре да не се предомисли. Оној што ќе гласа во Скопје за Заев и за кантонизација, го продал Македонецот во Куманово, Македонецот во Чаир го осудил на бегство да биде како бегалец од Косово, го осудил Македонецот од Кичево, го осудил Македонецот во Струга, Дебар Гостивар… секаде каде што Македонците се малцинство, ќе бегаат, тоа е Косово, рече Латас.