Македонија

Латас: Бомбите на Заев се предмет на зафрканција

Латас: Бомбите на Заев се предмет на зафрканција

Постои општа разочараност од бомбите на Заев кај оние кои очекуваа многу од најавата на лидерот на СДСМ. Заев исчуре и сега се води од девизата „Умри мушки“, вели во Пулт на Радио Слободна Македонија новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас кој беше меѓу првите чии наводни прислушувани разговори беа објавени во јавност. Вели дека ниту бил изненаден ниту пак некој е во паника од она што го прави СДСМ, пренесува Курир.

Целта е да се создаде слика дека овие кои не се со СДСМ се во паника и еве само што не паднала владата. Нема такво нешто, нема никаква паника, владата со сигурност нема да падне. Бомбите се предмет на зафрканција. Имам ќерка од 29 години, имам син, имам пријатели, гледам како се прима ова. Сите викаат – па ова ли се бомби, ние мислевме убиства, мислевме Смилковско Езеро, мислевме милиони украдени, ова сите го зборат, вели Драган Павловиќ Латас во интервју за Пулт.

Латас оценува дека Заев се обидува да создаде општа параноја и страв кај граѓаните иако е целосно неточно тврдењето дека државата прислушувала 20.000 граѓани.

-Со тврдењето дека се прислушувани 20.000 луѓе Заев сака да внесе што поголем број луѓе во проблемот. Како во средниот век кога некое дете ќе фати лепра па за да не му се смеат, родителите го носат на панаѓур да зарази што поголем број деца. Така и Заев, не сме само ние еве сите сте прислушувани. Тоа не е ниту точно ниту можно. Некој експерт на СОРОС вели- може петмина во МВР да прислушуваат 20.000 луѓе со најсовремена технологија. Така е, може и милион луѓе да се слушаат ама ние немаме таква технологија. Има и бомби кои можат да убијат милион луѓе ама тие бомби ги немаме во Скопје. Ако прислушуваш 20.000 луѓе многу поголем број луѓе треба да ги анализира тие разговори. Што ќе ти се ако нема кој да ги стави во функција? И кој вели дека се слушани 20.000 луѓе? Заев? И ние треба слепо да му веруваме без да понуди никаков доказ?, прашува Латас.

Тој очекува да се води транспарентна постапка во која одговорните за ова ќе добијат високи казни за да нес е дозволи ваков преседан да и се повтори на државата и граѓаните.

И ЕУ и САД бараат да се води транспарентна постапка. Дури јас предлагам МТВ да врши директен пренос. За да сите ние не од рекла казала туку директно да видиме што се правело. Таму нема да поминат вакви монтажи. Мислам, дека Заев ќе добие тешка казна, и треба да добие. Од проста причина што ова е јавна и општа опасност. Можете да растурате фирми, да растурате бракови, ако ви се покаже доходовно да купувате разговори и да го правите ова кој ќе гарантира дека во иднина и други нема да направат тоа. СДСМ ќе мора да бара нов претседател, гледам Пендаровски веќе се промовира ама амбиентот е многу лош. Тој треба да биде чист а не да влезе во калот на Заев.

-Треба да се тера ова до Велигден. Секојa недела да се вади некоја тема и на крај да се повика владата за 3 дена да падне. За тоа ќе се употребат различни групи меѓу кои и овие студенти. И што ќе кажат тие? Да падне владата? Како? 500 илјади луѓе ја бирале. Треба да ги поништиме зашто ти не можеш да победиш на избори? Кој ти ги намести 2006та, 2008ма, 2009та, 2011та? Кој ти ги мести цело време? Ние ли сме криви што Пендаровски беше кандидат за претседател?, вели Латас во гостувањето во политичкиот магазин Пулт на радио Слободна Македонија.