Латас: Борјан Јовановски вршел притисок за да се местат судски одлуки

Јас од Борјан сум прозван дека сум вршел притисок на судот, а Борјан е тој што барал од Филимена да му смени пресуда при разводот со првата сопруга, со која граделе заедно куќа на три спрата. Борјан иде кај Филимена да ургира да се донесе пресуда тоа што го изградиле заедно со претходната жена, да остане на него и на втората жена, истакна Драган Павловиќ Латас во емисијата „Јади бурек“.

Латас во врска со испратениот венец во домот на новинарот Борјан Јовановски вели дека е само пропаганден трик кој тие самите си го направиле.

-Зошто на Стевче Јакимовски кога му испратија венец тоа не било ништо страшно, а сега кога му испратија на Борјан е нелегално. Венецот е пропаганден трик. Зошто на Јакимовски може да му стават венец  тоа не било ништо, а сега на Борјан е нелегално. Со кое право венецот за кој знаеме дека го испратил СДСМ е легитимен, а венецот кој не знаеме кој го ставил е нешто страшно. Јас до тој момент го поддржував Борјан, се додека новинари блиски до опозицијата утредента не излегоа на протест. Венецот е доставен од соросоидите за да се употреби утредента во пропагантни сцени, рече Латас во емисијата „Јади бурек“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.