Латас му одговори на Стојанче Ангелов

Стојанче Ангелов, по сопствено признание македонски генерал кој во 2001 година се борел против УЧК и заради што бара гласови на избори и респект во јавноста, а сега е на чело на протестите пред МРТВ заедно со милионерот Бубо Каров и груата приврзаници на СДСМ – се отвори.

Го отворила колумната Понеделнички во дневниот весник Вечер, со наслов Црта, во која уредникот на Сител Драган П. Латас ги опишува заслугите и активностите на овој генерал по сопствено признание. Неделникот Фокус ја објави неговата изјава дека е подготвен да соработува со УЧК само да падне владата на Груевски. Со ова, се е јасно, се е кажано и сите зборови понатаму се излишни.  Ако видовме дека К-15 и Бубо Каров бараат да падне ова раководство во МРТВ затоа што со минатото заработувале 1.4 милиони евра за две години – или по 10.000 евра на час (!) плус ДДВ за своите шоу емисии, при што за половина час продукција наплаќале фантастични 5.000 евра… Стојанче Ангелов е тука за да стане дел од УЧК, и да урива влада во Македонија. Како и УЧК.

Патем, во последно време шета со камера позади себе, по цел ден мери улици и кафани низ град и снима секого околу себе, и секој што ќе биде во контакт со него. Се заканува со насилие на новинари, обвинители, судии, политичари… што не е неочекувано од тој профил на човек.  Добро друштво се нашле грнето и капачето. Грнето со милионерите од К-15 и капачето Стојанче како командант на УЧК.

Аирлија Стојанче, кого Љубе преку ноќ го направи полициски генерал во војна што ја загуби, а потоа по поразот Стојанче се врати на своето место, патрола во градски автобуси. И вера и влада и униформа… се менува Стојанче само да го има на телевизија, и пак некој Љубе од ништо да го направи нешто.  Тој е, наводно,  шеф на партија која се залага за заштита на правата на македонските бранители од 2001, а најавува соработка со припадниците на УЧК. Си имаат Заев и Шекеринска соработници во Стојанче согалсно сопствените критериуми – некој со Грците, друг со УЧК, важно е да станат власт, па макар и така, макар и на сила, пишува Латас на веб сајтот кој го уредува Медиа.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.