Латас: Не очекувам дека СЈО нешто ќе направи, ден денес монтираните снимки не се тргнати

Дури 37 дена чекав Специјалното јавно обвинителство да ме повика да дадам изјава. Отидов по службен пат да дадам изјава, но не очекувам дека нешто ќе направат. Ден денес снимките од разговорите не се симнати од Ју Тјуб.

Ова го истакна уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски.

Јас цената ја плаќам се уште и немам сатисфакција. Мојот син има 17,5 години, ќерка ми има 31 година и јас сум ги штител цело време од светот на политиката. Јас ќе им кажам и они ќе разберат, бидејќи и се гледа дека разговорите се монтирани. Жена ми има 52 години, посложени се односите, но тоа ќе го средам, додава Латас.

Никој не бил на удар, рече Латас, како што сум бил јас, но јас преживеав.

Тоа што не те убива те прави појак.

Латас претходно истакна дека СДСМ не успеа да ја постигне целта која ја имаше објавувајќи нелегално прислушкувани разговори.

Тие луѓе сега прават рекет. Освен Зоран Заев зад овие снимки стојат Верушевски, Љупчо Палевски, Зоран Божиновски, уредникот на „Доказ“ и Сашо Ивановски од Мактел. Тие се егзекутори, рече Латас.

Тој потенцира и дека на него никој не му барал пари, ама снимките кои ги објавуваат за него служат како закани за други лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.