Македонија,Политика

Латас: Неморално е политичари од СДСМ да говорат за слобода на медиумите, а да митингуваат пред Сител

Латас: Неморално е политичари од СДСМ да говорат за слобода на медиумите, а да митингуваат пред Сител

Главниот и одговорен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ- Латас како гостин имаше свое обраќање на Собраниската комисија за заштита на сведоци и презумпција на невиност.

Тој пред народните избраници истакна дека во однос на 90-тите години и денес, Македонија денес е поблиску до европските стандарди, а со најавата за донесување на Закон за медиуми ќе бидеме уште поблиску.

„Во однос на слободата на медиумите сметам дека е неетички и неморално, јас сум тука гостин и новинар, да говорат за слобода на информирање политичари кои држеа митинг пред Сител од страна на СДСМ, кои ги напаѓаа новинарите и им се закануваа со 2.000-3.000 луѓе позади себе. Не можат да говорат за слобода на новинари и слобода на јавно информирање и да се повикуваат на европски извештаи кои пред се темелат на изречени или водени судски постапки против новинари од партија која се вика СДСМ. Од партијата има 20 функционери во последните десетина години кои поднеле тужби против новинари за напишан текст, не за сообраќајка или клевета во лична конверзација. Не може да говорат за демократска држава членови на невладини огранизации кои поднесуваат колективни тужби против новинари,“ истакна Латас во своето обраќање.