понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Латас: Ниедна влада на светот не се прислушкува сама себе

latas-1640-640x411

Поврзани вести

Ниедна влада на светот не се прислушкува сама себе, ниедна. Ние овде не слушнавме разговори од никого, освен од влада или луѓе кои разговарале со преставници на влада, каде што се и моите разговори, изјави во емисијата „Јади Бурек“ новинарот и уредник Драган Павловиќ- Латас.

Значи нема други, барем нема доказ дека има други. Второ, се слушале во обем милион и 40, 50 илјади телефонски разговори, кои македонската полиција не е во состојба тоа да го направи. Тоа е исто како сега да прочиташ вест, Латас влегол во супермаркет и украл 2,5 милиони долари. Кој супермаркет има 2,5 милиони долари, тој има роба од 250 илјади долари, нема таков. Така да, и во Македонија не можеш да најдеш милион и 50 илјади разговори, едноставно тоа не е  можно, рече Латас.

Трето, нагласи Латас, има судска постапка која е завршена, каде што учесници во тој процес изјавуваат и добиваат казна која ја прифаќаат, не ја обжалуваат дека по налог на Верушевски се снимани разговори илегално, надвор од знаење на држава и на МВР и предавани на Верушевски за тој да ги предаде на СДСМ.

-Тоа е факт, таа судска пресуда не може никој да ја поништи, па ни СЈО. СЈО сега прави една обична работа која треба да има историска димензија. Најважно на СЈО им е сега да докаже дека не слушале странци, слушале наши. Второ, Заев да биде ослободен од одговорност, заедно со Верушевски, СЈО ќе ги повлече обвиненијата и ќе обвини други луѓе, рече Латас.

Најчитани вести