Латас: Прислушување од тој обем неможе да се направи од домашните служби

Новинарот Драган Павловиќ – Латас смета дека прислушкување од тој обем за каков што збори лидерот на СДСМ Зоран Заев не може да се направи од домашните служби.

Според Латас, материјалот по обем, по квалитет и по опис е создаден од стручна служба.

-Он постапката не ја спровел, тоа значи дека го прецениле тие кои му ги дале материјалите, не е тој играч за ова. Материјалот по обем, по квалитет, по опис, по методологија, материјалот е создаден од стручна служба. Тој материјал не е најден и даден од некој службеник од МВР што дошол случајно. И по обем не може да биде. Сите да собираат во МВР, им треба година две да соберат толку материјал, вели Латас.