Латас: СДСМ е генератор на лошите состојби во новинарството

Законот не е причина за лошите состојби во новинарството, причина се тепањата, малтетирањата, заканите. СДСМ има најголем удел во тоа, вели уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас во гостувањето во емисијата „Акцент“ на МРТ.

Шеесет проценти од тужбите против новинари кои се критериум за да добиете лоша оценка од меѓународните организации се од СДСМ и соросоидите. Ако тој дал 60 проценти од вкупните тужби, а една од важните ставки е колку новинарите се тужени по судови, тој директно влијаел на лошите оценки. Тој ги тепа новинарите, крши редакции, се заканува од митинзи, на јавни места. Тој е генератор на лошите оценки, СДСМ и Заев, и потоа откако ќе ги добиете лоѓите оценки, тој сака да го искористи тој извештај за свои потреби и цели, вели Латас.