Латас: СДСМ во нова акција – Федерализација на Македонија

Драган Павловиќ Латас во својата најнова колумна пишува за отворената намера на СДСМ преку барањето за воведување на Бадинтер во одлучувањето на ДИК и свесното одолговлекување и влечкање на разговорите околу изборниот законик како смислено сценарио кое може да заврши со федерализација и косовизација на Македонија.

Павловиќ пишува, еве ги сега, во нова акција: федерализација на Македонија. А потоа, федерализираната Македонија ќе биде она што Грција ќе го побара. И ќе го добие.Се почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален кримоген олигарх од Струмица. Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. И, сосема логично, уцената е одбиен, пишува Латас.

Според него таквите барања се барања за уривањето на македонското општество. Оние кои градат, треба да бидат лошите. Оние кои краделе, амнестирани или не, треба да бидат добрите.

Латас потсетува дека и во минатото Заев двојазичност на албанскиот и македонскиот јазик на цела територија на Македонија. Подготвеност да ги прифати условите од Атина како најдобро можно решение за нас, накитено со зборови за нашите европски иднини и слично.

Денес СДСМ бара право на Албанците во Македонија на вето на секоја одлука.

-Последниот чекор на Заев и СДСМ да прифати дека двајца албански членови на Државната изборна комисија имаат право на вето на одлука на другите седум членови – е првиот чекор. Ова правило, наскоро, со СДСМ ќе биде правило во Уставниот и Врховен суд, во судскот совет… во сите државни институции. Гласот на Македонците, колкав и да е, нема да има никаква важност, пишува Павловиќ, додавајќи дека почнува со поништување на Македонецот во иселеништво. А продолжува и тука. Накусо, да добиеме федерална држава во која Албанците имаат право на вето на одлуките кои ќе важат за сите. Ние, Македонците, никаде немаме право на вето.

Латас верува дека народот ќе покаже мудрост и дека ќе се издржи.

-Тоа газење и валкање не е ништо во однос на косовизацијата која ќе следи ако им успее превратот со Заев. Затоа, подобро да се издржи овој напад сега кој, сепак, е привремен – од она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш, пишува Павловиќ.

Тој додава дека требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил толку снимки, колку што Македонија нема од 1945-та до денес. Да објасни која е природата на неговите контакти со некои амбасадори, со италијанскиот за почеток. Да дознаеме и кои биле контактите на Верушевски во Италија, додека бил функционер за безбедност во нашата амбасада во Рим.