Латас: Секој збор на Катица е збор на СДСМ, а не на обвинителство

Зоран Заев излегува и вика до крајот на декември очекуваме први кривични пријави. Катица Јанева без да ги види материјалите дава иста изјава како СДСМ, до 15 декември ќе бидат првите кривични пријави. Тој што ја донел, што ја советува и охрабрува веќе ја упропастил. Јавноста веќе не и верува. Секој нејзин нареден збор е збор на СДСМ, а не на обвинителство, вели Драган Павловиќ Латас.

Латас додава дека Јанева ги кажува истите зборови кои ги има во соопштенијата на СДСМ, со исти термини.

-Лично остави многу лош впечаток со многу малку авторитет. Човек кој ужива да се слика пред камери, не можеш да ја совземеш од смеење, вели Латас во емисијата „Јади Бурек“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.