Латас: Со СДСМ владее СОРОС од 1994-тата година

За СДСМ е добро што Црвенковски се враќа, затоа што Заев ќе ја потонеше партијата. Тој ќе го спаси СДСМ да не изгори заедно со Заев. Но, тој е внатре да го тргне Заев и да ја спаси СДСМ, истакна синоќа новинарот Драган Павловиќ-Латас во „Јади бурек“ на Сител3.

Латас нагласи дека СОРОС е паралелна власт во СДСМ од 1995-та година, која има свои инсталации и кадри во СДСМ.

–  Со СДСМ владее СОРОС од 94-та. Со своите пари, СОРОС го создаде А1 телевизија. Кога некој ќе промрчеше за СДСМ, го имаше на А1. Ги елиминираа нив. Така Шекеринска дојде на Власт. Кога Бучковски беше биран на конгрес, го нападнаа само двајца -Шекеринска и Милчин, рече Латас.

За нив вели дека никој никаде не ги избрал бидејќи тие се невладина организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.