Македонија

Латас: Тестаментот на СДСМ е 200.000 невработени, продадено име и корупција

Латас: Тестаментот на СДСМ е 200.000 невработени, продадено име и корупција

Уредникот и новинар Драган Павловиќ- Латас во својата најнова колумна пишува дека тестаментот на СДСМ се 200.000 невработени, продадено име и знаме, загубена војна, ограбени фабрики и имоти, пирамидални штедилници и корупција на чело со Заев и Шекеринска, лично и персонално.

-Во нивниот тестамент се и двете украдени пензии на мојата мајка која умре, а СДСМ не и се раздолжи. Како и избришаните акции на мојот татко, работник во скопска Комуна, кој почина како ограбен човек. А вакви има многу, има барем 200.000 низ Македонија. Треба ли да им го простиме и заборавиме тоа. На СДСМ Македонија му е во џебот, а не во срцето. Во нивниот тестамент се ограбените од банките што ги ликвидираа, а парите ги задржаа за себе и своите олигарси. Во нивниот тестамент се и 70 загинати војници и полицајци од 2001 кои за СДСМ беа кучињата на Љупчо и ВМРО, а не лавови и тигри, пишува Латас.

Тој додава дека во нивниот тестамент се запишани и зборовите на Стево Пендаровски и Најчевска дека Македонците кои не гласаат за нив се стадо и стока. Зборовите на Тричковски дека загинатите полицајци од Куманово тоа го заслужиле, а другите нека не се грижат – ќе дојдат и тие на ред.

-Во нивниот тестамент се и 600.000 наши, приватни прислушувани разговори со кои владеат со нашите приватни животи и не уценуваат секој ден. Тие разговори се во фиоката на СДСМ и Заев, а не кај Мијалков и Груевски кои се, како и сите ние, нивна цел. Во тестаментот на Груевски се она што го гледаме секој ден: излегуваш од дома и влегуваш во автобуси од негово време, возиш по улици и нови булевари изградени во негово време, се лекуваш бесплатно во нови болници со нови апарати, одиш и подигаш пензија која е дупло поголема од времето на СДСМ, како и платата што е сега дупла…, пишува Латас.

Новинарот и уредник вели дека тестаментот на Груевски, во голем дел, е тестамент на Македонија. Од одбрана на името и нацијата, до новите фабрики и факултети, бенефиции за родилките и младите мајки, за старите родители и преродените села низ Македонија кои повторно живеат.

-Кога Заев ќе каже не одам на судење за корупција која ми е снимена на камера, кога тој не го признава судот, тоа е неговото непризнавање на Македонија. Парите од корупцијата остануваат кај него и Вице. Судот кој го признава е само судот на партијата и специјалниот на Катица, што е едно те исто. Да го чуваме македонскиот тестамент. Да има нешто што останува и зад нас. Да се прекинат преговорите, и да му се остави на Заев да продолжи со неговите “бомби#, нивните лигавења по амбасадите и заканите секому кој не е од нивниот двор. Тоа од нашата Македонија што тој им го продава на дипломатите се уште не е негово, и прашање на време е до кога купувачот ќе има трпение да чека Заев да стане власт, и да им го продаде тестаментот на Македонија. Да повторам: На СДСМ Македонија му е во џебот, а не во срцето, вели Латас.

Наместо преговори, Латас вели дека треба да се распушти парламентот, и да се распишат избори. Па ако СДСМ и Заев победат слободно нека апсат, бесат, грабаат, претопуваат месинг, уриваат…

-Заев и СДСМ се закануваат дека ќе ги бојкотираат изборите. Ќе ги нема во Собранието. Нив и кога ги немаше таму тоа ни го наплатија милион евра, иако не одеа на работа. Никој не ни забележа дека друштвото на Заев не седи во Собранието. Затоа, на нозе. Да се чува тестаментот на Македонија. Имаме што да оставиме зад себе, и знаеме да го сочуваме тоа. И да ги сочуваме оние кои тестаментот го пишуваат, пишува Латас.