Латас: За Заев е најважно Катица да ги земе неговите предмети и да ги поништи со нула

Латас: За Заев е најважно Катица да ги земе неговите предмети и да ги поништи со нула
Латас: За Заев е најважно Катица да ги земе неговите предмети и да ги поништи со нула

Првата точка која не е договарана, а е наметната со сила е статусот на специјално обвинителство, вели Драган Павловиќ Латас во синоќешното гостување во емисијата „Јади Бурек“.

-Катица според кажувањето на Гордан Калајџиев, висок функционер во СДСМ и човек кој е планиран од Заев, според него за специјален обвинител, воопшто не била на списокот, Заев ја предложил вечерта, вели Латас.

Во гостувањето, уредникот на Сител телевизија објаснува кој е интересот на лидерот на СДСМ Зоран Заев Катица Јанева да биде избрана за специјален јавен обвинител.

-Заев има личен интерес. Него му е првостепено, најважно на свет Катица да ги земе неговите предмети и да ги поништи со нула. Примарната негова цел е како неговиот случај да го тргне од редовното јавно обвинителство, Јанева да каже дека е неосновано и тој да дише на раат. Сè друго за него е ирелевантно, смета Латас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.