Латас: Заев е аболициран криминалец, кој сака да дојде на власт

Заев не прави проблем само на ВМРО-ДПМНЕ, Заев не прави проблем само на државата, Заев прави проблем и во својата партија. Така што е гола власт во прашање и голи пари, потенцираше уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ – Латас во дебатната емисија „Акцент“ на МРТВ.

–  Мене вчера ми држи предавање Зоран Заев, човекот кој прашува зошто јас имам кола, или зошто премиерот живее во стан и од кај му се три стана. Девет години е на власт во општина, во кои има по сопствено признание 12 милиони евра имот на 40 и кусур години. Во чие име тој збори од каде ти се парите? Дванаесет и пол милиона! На кого он му држи социјални предавања, праша Латас.

Латас на Заев му порача дека тоа е материјален доказ, и дека неговите 12 и пол милиона постојат.

Уредникот на ТВ Сител потенцираше дека Заев првиот пат беше аболициран од страна на Црвенковски, а оти сега Зоран Димитровски од Фокус бара втора аболиција на Заев бидејќи се знае од ова нема бегање.

Латас уште еднаш нагласи дека разговорите што Заев ги објавува се монтирани и дека во нив фалат цели делови од разговори.