Латас: Заев е алчен и наивен човек

Груевски реагираше како секој сериозен човек кој има сериозни намери во политиката, дури мислам дека ништо поинаку не би реагирал дури ни Црвенковски кога би бил на власт, ниту Хари Костов ни Бучковски. Ова го истакна Драган Павловиќ-Латас во рамки на синоќешното гостување во емисијата „Акцент“ на МРТ.

-Исто би реагирал секој ако дојдеш да го уценуваш, ќе дојде да види дали си ти сериозен, па ќе те остави уште малку да заглавиш и ќе ти ги објави уцените и ќе те елиминира од политичката сцена, па судот ако пресуди дека има кривично дело ќе те елиминира од слобода, рече Латас.

Уредникот на ТВ Сител посочи дека Заев е алчен и наивен човек.

-Македонија нема некоја закана. Имала кога овој влегол во филм Заев, одредени месеци бил оставен, заканата е решена. Сега нека му мислат во СДСМ што ќе прават со својата партија бидејќи ова е голем блам и голема закана за граѓаните. Кој и да е граѓанин.  Нека мисли Заев што ќе прави со себе. Ние имаме добро решение на премиерот, имаме елиминација на политичката опасност што не значи дека нема да дојде друга, на друг начин и во друга форма.  Оваа засега политички е решена. Што и да објави сега СДСМ, само влага во нови кривични дела, само уште на повеќе луѓе ќе нанесе омраза кон себе и тоа ќе биде забава затоа што еден ден ќе дојде судот. На судот ќе се утврди тоа што е, ќе се шокираат и внатре во СДСМ. Мислам дека политички, работата полека влегува во мирни води. Сега судот ќе решава понатаму. Да внимаваме и да се пазиме од идни провокации од овој тип, од идни местенки од овој тип кој може нема да бидат спроведени низ такви алчни и наивни луѓе, условно речени, наивни како Заев. Човек кој неможел афера да спакува, ќе му даваш држава да води, рече Латас.